Најмалку 21 цивил, меѓу кои жени и деца, загнале во воздушни напади во јужната авганистанска провинција Хелманд, соопшти локален функционер.
Тој додаде дека во еден напад загинале 13 цивили, а во друг осум.
Двата напади биле извршени во областа Сангин, каде во тек се жестоки борби меѓу авганистанските сили поддржани од НАТО и талибанците.
Во нападите се повредени пет луѓе.
Портпаролот на гувернерот на провинцијата Хелманд изјави дека бунтовниците пукале врз авганистанските сили од цивилна зона и потврди дека има убиени цивили, но не даде повеќе детали.