Спорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск, влијаеше на акциите на Тесла. Имено, тие паднаа за повеќе од 14 проценти откако овие двајца јавно се скараа. Откако акциите на Тесла паднаа, повеќе од 150 милијарди долари беа избришани од пазарната вредност на компанијата. Според податоците на FactSet, ова е најголемиот дневен пад на вредноста на една компанија во историјата.
Имено, ова е единаесеттиот најлош ден за Тесла откако се појави на берза во 2010 година.
Покрај политичкиот конфликт, Тесла страда и од лоши резултати од продажбата, бидејќи продажбата падна во Обединетото Кралство, Германија, Италија и Кина во мај. Во Велика Британија падна за повеќе од 45 проценти, иако целиот пазар на автомобили забележа раст од 28 проценти.