Речиси 300.000 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во Франција во изминатите 24 часа, соопшти министерот за здравство, Оливер Веран, во контекст сè уште обележан со избувнувањето на варијантата Омикрон, јави дописникот на МИА.
-Денеска, јавното здравство на Франција ризикува да објави близу 300.000 контаминации во текот на 24 часа“, веројатно рекордно ниво, рече Оливие Веран пред Националното собрание, каде опозицијатауспеа да го попречи брзото донесување на законот со кој здравствената пропусницатребада се претвори во вакцинациска пропусница.
Владата на Велика Британија денеска соопшти за рекорден број новозаразени со Ковид-19 – повеќе од 200.000 случаи во последните 24 часа, бидејќи високо преносливиот вид Омикрон се шири низ земјата.
Според властите, регистрирани се 218.724 новоинфицирани – највисокиот дневен вкупен број од почетокот на пандемијата.