Во Франција и вчера продолжија насилните немири.
Роднина на францускиот тинејџер застрелан од полицијата за Би-Би-Си изјави дека семејството не сакало неговата смрт да предизвика немири, но инсистирал дека законот за примена на сила мора да се промени.
Роднината рече дека француските власти сега мора да го променат законот кој им дозволува на полицајците да пукаат за време на запирањата.
Нахел беше застрелан од полицијата откако минатиот вторник не застана на сообраќајна контрола.
„Никогаш не повикувавме на омраза или немири“, рече роднината.
Немирите се намалија синоќа навечер, со 78 апсења од кои 20 во предградијата на Париз.