Десетина деца неодамна биле примени на интензивна нега во Велика Британија и петнаесетина во Франција, откако развија атипична форма на болест на крвните садови, што наликува на болеста Кавасаки. Здравствените власти се обидуваат да утврдат дали постои врска со пандемијата на коронавирусот и големениот број на случаи.
Министерот за здравство Оливие Веран, изутринава на Франсинфо изјави дека овие деца „имаат симптоми на треска, дигестивни и прилично општ воспалителен васкуларен синдром што може да предизвика срцева слабост“, јави дописникот на МИА.
Министерот за здравство Оливие Веран понатаму рече дека добил предупредување „од париските тимови на лекари“, кои му укажале дека во Франција „петнаесетина деца покажуваат симптоми на треска, дигестивен и прилично општ воспалителен васкуларен синдром што може да предизвика срцева слабост “.
-Според мое знаење, ниту едно дете, за среќа, не починало од овие компликации кои се прилично ретки болести. За некои [од овие] деца во Франција и Англија е откриено дека се носители на коронавирусот, рече министерот за здравство.
-Зголемен број на деца од сите возрасти се хоспитализирани во контекст на мултисистемско воспаление често асоцирајќи на циркулаторна слабост со елементи во корист на миокардитис, објаснува докторот Дамјан Бонне, раководител на одделот за вродена и педијатриска кардиологија во болницата Некер во Париз, во писмото испратено до неговите колеги и пренесено од весникот Миди Либр.
-Овој воспалителен синдром ги вклучува срцето, белите дробови или дигестивниот систем, прецизира специјалистот, и синдромот потсетува на на болеста Кавасаки Ова е идентична констатација со онаа на британските здравствени власти, кои исто така забележаа зголемување на приемот во болница кај децата во последно време.
-Ова е нешто што го сфаќам, очигледно многу сериозно. Јас ја мобилизирам здравствената и научната заедница во Франција и во странство да имаат што е можно повеќе податоци, за да видам дали е потребно да се направи врска помеѓу коронавирусот и оваа форма која до сега не била забележана никаде. Значи, многу претпазливост и одредена загриженост, изјави министерот за здравство Оливие Веран за Франсинфо.
На прашањето дали овие симптоми можат да го одложат повторното отворање на училиштата, Оливие Веран рече дека тој „нема медицински информации за овие деца“ и дека тој „нема апсолутно никакво медицинско објаснување во оваа фаза за да донесе каква било одлука.