Бројот на жртви од грипот во Хрватска се искачи на 45, а интензитетот на епидемијата во државата е рекорден во изминатите шест години.
Досега се разболени 28.664 луѓе и најголем дел од нив се во главниот град Загреб. Најмногу се заболени деца на возраст до седум години и луѓе над 65-годишна возраст.