Во Хрватска пристигнаа првите 10.000 тестови за само-тестирање на коронавирус, а уште 20.000 ќе пристигнат во четврток.

Тестовите од утре ќе бидат во аптеките.

Јаков Радошевиќ, член на Управниот одбор на веледрогеријата Медика, рече дека тестот ќе чини од 75 до 85 куни (10 до 11 евра). Тој додаде дека ова се првите тестови пријавени и одобрени од Хрватската агенција за лекови и медицински производи (ХАЛМЕД).

– Дистрибуцијата во аптеките низ Хрватска ќе почне утре наутро, рече Радошевиќ.

Тој додаде дека очекува до крајот на петок сите заинтересирани аптеки и продавници да им понудат на граѓаните ваков тест.

– Тестот регистрира квалитативно присуство на антигенот. Овој тест се користи на површината на носот, носниот брис е на околу 2 до 2,5 сантиметри, се става во течноста и резултатите се готови за 15 до 20 минути, изјави Радошевиќ за ХРТ, кој очекува во Хрватска да пристигнат тестови и од други производители