Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 6.310 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, од 14.374 направени тестови.

Бројот на активни случаи изнесува 25.628, а во болница во моментов се 1.680 пациенти од кои 219 се на респиратор. Во самоизолација се 26.010 луѓе.

Во последното деноноќие од Ковид-19 во Хрватска починале 32 лица.

– Денеска бележиме екстремно висок број на новозаразени, најголем од почетокот на епидемијата. Бројката не е изненадувачка, одамна укажувавме на околностите што доведоа до тоа. Прво тука е делта сојот, постуденото време, а не бевме доволно совесни и на собири … Има многу забави за млади, што е разбирливо, но тоа не можам да го одобрам, рече хрватскиот министер за здравство Вили Берош.

Тој додаде дека во Хрватска во моментов има многу помалку хоспитализирани отколку за време на врвот на вториот и третиот бран.

– Но, бројот сигурно ќе расте. Ќе реагираме како влада и штаб, ќе договориме нови мерки кои ќе ги соопштиме утре, додаде тој.