Индија, е втора земја по САД, каде се регистрирани повеќе од седум милиони случаи на Ковид-19. Индиското Министерство за здравство денеска соопшти дека во изминатите 24 часа забележани се 74.383 новозаболени и 918 смртни случаи.

Првиот заболен од новиот коронавирус во Индија е регистриран на 30 јануари, а на 16 јули имаше еден милион инфицирани луѓе. Оттогаш е забележан експоненцијален раст со шест милиони заразени за помалку од три месеци. Во изминатите три недели просечно се пријавувани по 70.000 нови случаи дневно, додека во првите две недели од септември дневно беа регистрирани по 90.000 пацеинти.

И покрај пад на бројот на новозаразени, Индија и понатаму има најголем број на смртни случаи на дневно ниво во светот повеќе од еден месец.