Во Италија бројот на починати од новиот коронавирус е во пад, но денеска во споредба со вчера, значително е зголемен бројот на новозаразени лица.
Во последните 24 часа во Италија починале 525 луѓе, додека вчера беа регистрирани 525 смртни случаи. Додека новозаразени денеска се 3.786 луѓе, а нивниот број вчера изнесуваше 2.667.
Бројот на починати во еден ден е најмал, додека цифрата на новозаразени е најголем во последната недела.
Во Италија од почетокот на епидемијата вкупно починаа 22.170 луѓе, а бројот на инфицирани изнесува 168.941.