Во Италија 20.465 луѓе починаа од последици од коронавирусот, соопшти италијанската Агенција за цивилна заштита.
Во изминатите 24 часа од последици од Ковид-19 починаа 566 луѓе, додека ден претходно бројот на смртни случаи изнесуваше 431.
Но, и покрај тоа во Италија денеска е забележан најмал број на новозаболени лица од новиот коронавирус од 7 април односно 3.153 луѓе, додека нивниот број во неделата изнесуваше 4.092.
Во Италија вкупно се потврдени 159.516 пациенти заразени со Ковид-19.
Околу 3.260 лица се на интензивна нега, што значи дека и нивниот број бележи пад десетти ден по ред. Вчера имало 3.343 луѓе биле на интензивна нега.
Од новиот коронавирус во Италија оздравеле 35.435 луѓе, а нивниот број еден ден претходно изнесуваше 34.211.