Според најновите податоци во Италија во последните 24 часа од Ковид-19 починале 475 луѓе, што е најмногу до сега.
Вкупниот број на починати во земјата до денеска изнесува 2.987 лица.
Бројот на заразени од вчера е поголем за 4.207.
Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус во Италија изнесува 35.713, а моментално 28.710 се позитивни. До сега се излекувале 4.025 луѓе.