Во турскиот град Измир пронајдена е седумгодишна мачка, тешка 19,2 килограми, која морала да биде подложена на строга диета.
Од Дирекцијата за ветеринарни работи во општина Карсијака соопштија дека мачката е хранета на улица и дека поради килограмите тешко се движи, по што била сместена во една поликлиника, јави Анадолија.
Направен е здравствен преглед по што мачката е вклучена во програмата за губење на килограмите..
Со оглед на тоа дека стресот и дебелината се тесно поврзани, за мачката е специјално дизајниран кафез, во кој ќе може непречено да се движи.
Таа, благодарение на програмата, во првите седум дена почнала да губи тежина и ќе остане таму додека не оздрави.