Вкупно 21 земјотрес со интензитет од четири или повеќе степени според Рихтеровата скала се регистрирани денеска во централниот дел на Јапонија за нешто повеќе од 90 минути, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Најсилниот од овие земјотреси бил со јачина од 7,6 степени. Властите ги повика луѓето во погодените области да се засолнат на повисоки места.
Јапонските власти предупредија за опасност од големо цунами за прв пат од 11 март 2011 година, кога се случи хаваријата кај АЕК „Фукушима“. Тоа е прв земјотрес од 2018 година, досега, кој го достигна максималниот седми степен на јапонската скала на интензитет, изјави претставник на Метеоролошката агенција.
Јапонската управа за нуклеарна безбедност (НРА) соопшти дека досега не се откриени никакви неправилности во нуклеарните централи во близина на земјотресот, вклучително и централата Шика, која се наоѓа во најтешко погодената префектура Ишикава.
Јапонија се наоѓа на пацифичкиот огнен појас и е земјата каде земјотресите се најчести во светот. Како резултат на тоа, Јапонија применува исклучително строги прописи за изградба, така што зградите генерално издржуваат силни земјотреси.