Валандовско-богданскиот и дојранскиот регион заедно со гевгелискиот регион се навистина големи производители на храна што ја имаме на нашите трпези, но и еден од најсериозните учесници во нашиот извоз. Денеска ја означивме изградбата на втората фаза од многу значаен проект за еден од поголемите земјоделски региони во нашата земја, изјави на свечениот настан во Јосифово Зоран Заев, претседател на Владата на Република Северна Македонија.
– Ова е трајно добра,трајна инфраструктура која ќе остане овде да се користи од многу генерации земјоделци. Без вода нема производство, нема храна, нема квалитет. Преку ситемот за наводнување на ова поле, дефинитивно веруваме дека ќе ја зголемиме компетативната можност на земјоделските производи, да растат во нивната цена и конкурентност, да ги намалат трошоците и да ја зголемат продуктивноста по хектар затоа што со водата само тоа е возможно, нагласи Заев.
Премиерот изрази веруваење дека брзо ќе се реализира проектот кој е димензиониран за не подолго од 21 месец да биде пуштен во употреба и потврди дека паралелно со ова се проектира веќе и неговата трета фаза кјоја продолжува кон богданко-дојранскиот регион.
Министерот за земјоделство во заминување, Љупчо Николовски, истакна дека во изминативе две години одглавиле многу заглавени проекти од значење за земјоделците и дека целосно биле посветени да завршат сите постапки и процедури.
– Проектот што го означивме денеска чини нешто повеќе од 24 милиони евра и ќе овозмоши наводнување на 2.040 хектари земјоделско земјиште. Должината на главниот канал ќе биде околу девет километри и ќе бидат конструирани пет пумпни станици кои ќе снабдуваат 85 километри терцијална и секундарна мрежа.Особено е значајно што ова е дел од владината програма и инвестициите во капиталните водоснабдителни системи. Министерсството се подготвува за нови капитални инвестиции кои после 15 години навистина се градат во делот на земјоделството како значаен секрет на нашата економија, рече Николовски.