Инвестицискиот план за Европа, исто така познат и како Јункеров план, се очекува да собере 335 милијарди долари како дополнителни инвестиции за Европа.
Ова е повеќе од сумата која првобитно беше проектирана на 315 милијарди долари оидедена во 2015 година со Европскиот фонд за стратегиски инвестиции (ЕФСИ), наменет да ја пополни инвестициската дупка која се појави со финансиската и економска криза, соопшти денес Европската комисија.
Јункер, шеф на ЕК, рече дека ЕФСИ е создаден за да се отворат повеќе од еден милион работни места, а БДП во блокот да се зголеми за еден процент до 2020 година.
-Финансиравме проекти кои без Фондот немаше да биде можно и сите без притоа да создваат долг, а две третини од инвестициите дојдоа од приватниот сектор-рече Јункер.