Премиерот Зоран Заев придружуван од градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, денеска по повод Светскиот ден на заштита на животната средина ќе учествуваат во акцијата на Град Скопје со која се чисти поранешниот полигон за обука на возачи под Скопското Кале.
На оваа локација, како што е најавено од владиниот Сектор за односи со јавноста, ќе се отстрануваат дивите депонии и ќе се засадуваат нови садници.
Поводот е тоа што денеска е Светски ден на екологијата, а во позадина на овој повод е поголемиот – се ближат локални избори пред кои секогаш се засукуваат ракавите, за да видат граѓаните колку локалните татковци се грижат за животната средина. А во Македонија е добро познато дека, пред избори, политичарите „најмногу се грижат“ за се што е поврзао со граѓаните.