На територијата на Косово има околу 200.000 парчиња нелегално оружје, а од декември досега до властите се поднесени само 500 молби за легализирање. Тоа го објави приштинскиот весник „Експрес“.

Според заменикот мминистер за внатрешни работи, Изми Зека поседувањето на голем број нелегално оружје се должи на недовербата во институциите и на тензичните односи меѓу Приштина и Белград.

Сите граѓани на Косово имаат можност до јуни да поднесат молби за легализирање на оружје. Граѓаните кои имаат кај себе нелегално оружје може да добијат казни од 7.500 евра или затвор до пет гоидни.