Косовското Министерство за внатрешни работи во текот на минатата недела ги уапсилое Бесим Красниќи и Фадил Точи кои се барани по потерница издадена од страна на Министерството за внатрешни работи за извршени тешки кривични дела, информира денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејсбук профил.

Акцијата за приведување на двете лица, како што нагласува, е реализиранa во непосредна соработка и комуникација помеѓу Интерпол во Приштина и полициските службеници од Министерството за внатрешни работи во нашата земја.

–Согласно информациите со кои располагам понатамошната постапка за екстрадиција ја координира Министерството за правда, вели Чулев и додава дека МВР и понатаму презема мерки и активности за целосно и неселективно спроведување на законот.