Во Куманово до 18 часот наврнаа 38 литри дожд на метар квадратен, според Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните часови градот беше зафатен со невреме со пороен дожд, силни електрични празнења и ветер, па има пријави за поплавени улици, откорнати дрвја и пад на лимен покрив од стамбена зграда.
Поинтензивни процеси имаше во Куманово, Пробиштип, Кратово, како и во подрачјето помеѓу Штип и Свети Николе. И до крајот на денот ќе преовладува променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.
И утре не очекува слично време како денешното, претпладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.