Британската гранична полиција и крајбрежната стража денеска спасија 49 мигранти кои се обиделе го преминат Ла Манш во мали чамци.
Меѓу мигрантите имало мажи, жени и едно дете, кои рекле дека се од Авганистан, Ирак и Иран, јави Би-Би-Си.
Британското Министерство за внатрешни работи соопшти сите што нелегално пристигнале во Велика Британија ќе ги врати во европската земја од каде што пристигнале.
Во исто време, француските власти спасија 14 мигранти за кои рекоа дека страдаат од хипотермија и им била укажана лекарска помош откако биле вратени во Франција.