Во Лас Вегас вчера се измерени рекордни 49 степени Целзиусови, со што е соборен рекордот од 2007 година.
Во главниот град на државата Невада температурата вчера била за 20 степени повисока од температурниот просек за тој период од годината, покажуваат податоците на Националниот метеоролошки институт (NWS).
„Имаме работа со навистина експанзивен и екстремен топлотен бран. Се очекува високите температури да продолжат оваа недела“, објаснува метеорологот Брајан Џексон.
ој додава дека 36 милиони луѓе се загрозени поради актуелниот топлотен бран.
„Најлошата ситуација во моментов е во источен Орегон, Невада и Ајдахо“, рече Џексон.
Поради високите температури, луѓето се плашат од шумски пожари и избегнуваат да излегуваат надвор.
“Излегов надвор во попладневните часови, воздухот беше многу сув. Беше премногу топло, беше многу загушливо”, рекол еден жител на Лас Вегас.
Викендов им била укажана помош на шестмина мотоциклисти на кои им се слошило на патот поради високите температури.
Еден од нив за жал починал во болница, додека другиот е во тешка состојба.
„Ги повикуваме луѓето паметно да избираат активности во согласност со моменталните температури. Ве советуваме да избегнувате излегување надвор во најтоплиот дел од денот“, апелираат властите во Невада.
Највисоката забележана температура на Земјата е 56,7 степени и е измерена во 1913 година во Долината на смртта, која се наоѓа недалеку од Лас Вегас.