-Агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE) застрела и уби жена во нејзиниот автомобил во Минеаполис, по што избувнаа протести на населението поради убиството.

Властите тврдат дека пукањето било во самоодбрана, но градоначалникот на градот го нарече „неодговорно“ и непотребно и побара Службата за имиграција да си оди од градот.

Инцидентот се случил за време на сообраќајна контрола во станбена област јужно од центарот на градот, неколку блока од некои од најстарите пазари за имигранти во градот и околу една милја од местото каде што Џорџ Флојд беше убиен од полицијата во 2020 година.

Толпа од стотици лути демонстранти брзо се собра по убиството на жената. Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноам го нарече инцидентот „чин на домашен тероризам“ против федерални службеници од страна на жена за која рече дека „се обидела да ги удри и прегази со своето возило“.

Моментот на убиството

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фрај, ги нарече овие аборови „глупости“ и го критикуваше распоредувањето на повеќе од 2.000 службеници за имиграција во градовите на Средниот запад Минеаполис и Сент Пол во државата Минесота.

Тој побара агентите да си заминат.

„Тие сеат хаос на нашите улици, а во овој случај, буквално убиваат луѓе“, додаде тој.

На социјалните мрежи масовно се споделуваат неколку видеа снимени од минувачи кои покажуваат како теренско возило им го попречува патот на агентите. Еден службеник за имиграција кзлегува од возилото и се приближува кон теренското возило возено од жена кое стои на средина од патот и му вели на возачот да ја отвори вратата и ја фаќа рачката. Тогаш жената тргнува со возилото напред, а друг службеник вади пиштол и испукува најмалку два истрела од блиску додека возилото се движи и ја убива. Според власите возилото се движело кон него,  па тој затоа пукал, според други, жената само сакала да си замине без да биде легитимирана.

фото: Принтскрин