Белоруската манекенка која минатата година изјави дека имала докази за руско мешање во изборот на Доналд Трамп, уапсена била на 17 јануари на аеродромот во Москва откако пристигнала од Тајланд.
Московскста полиција соошти денеска дека Анастасија Вашукевич (позната како Настја Рибка) била приведена на аеродромот Шереметиево под обвинение за проституција.
Во акцијата приведени се и три други лиц кои биле депортирани заедно со неа.
Нејзин адвокат изјави дека таа сакала да се качи на авион за Минск, но била приведена и со сила одведена на руска територија од транзитната зона.Подоцна била префрлена во полициска станица. Таа беше во тајландски затвор од февруари минатата година.