Во Музејот на македонската борба во Скопје вечер ќе се одржи меѓународна ревија на народни носии.

На настанот, организиран во партнерство со Ансамбл Македонија, ќе бидат претставени македонски, црногорски и хрватски народни носии од различни региони.

Специјални гости на ревијата ќе бидат претставници на Работилницата за заштита и изнајмување народни носии од Загреб.

Настанот се реализира со поддршка ма Министерството за култура во рамки на Годишната програма.