Во напад, што им се припишува на џихадистите во Буркина Фасо загинаа 30 лица, од кои 15 војници, 11 цивили и четири лица кои работеле во армијата, јави денеска Министерството за одбрана.
Нападот се случил завчера истовремено во неколку села во близина на границата со Нигер, соопшти министерството, додавајќи дека областа сега е под воена контрола.
Буркина Фасо е цел на напади на џихадистите уште од 2015 година, особено во областите во близина на Мали и Нигер.
Џихадистите се тесно поврзани со Ал Каеда и Исламска држава.