Континенталниот дел на САД е погоден од најстудениот ветар досега забележан и температура од минус 77 степени Целзиусови во Њу Хемпшир, соопошти метеоролошката служба.
Како последица на студениот бран, речиси 100 милиони лица во Северна Америка живеат под арктички студ.
Националната метеоролошка служба на САД (NWS) соопшти дека ледените налети на ветрот на планината Вашингтон, во Њу Хемпшир, синоќа предизвикале температури до минус 77 степени Целзиусови, што е најниската температура досега регистрирана на планината.
Речиси 100 милиони луѓе низ североисточниот дел на САД и Канада се погодени од екстремно ниски температури, а властите предупредуваат дека смрзнатини може да настанат за помалку од 10 минути.
Властите ги повикаа жителите од Манитоба до Мејн да го ограничат времето поминато на отворено.
Комбинираниот ефект на ветер и студ се очекува да донесе најниски температури од 1980-тите во Мејн, Нова Англија, како и во Квебек и делови од источна Канада.