Во Њујорк денеска е прогласена вонредна состојба откако голем дел од областа беше поплавена поради невремето.
Поради надојдената вода затворено е метрото и еден терминал на аеродромот ЛаГвардија, а поголем број од патиштата се под вода.
– Оваа бура е опасна по живот. Прогласувам вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон. Сметајте на ова во следните 20 часа, изјави гувернерката на Њујорк, Кети Хочул.
Властите издадоа предупредување за поплави во Менхетен, Бруклин и Квинс. (МИА)