ВО ОХАЈО ВО САД: Руски хакер e осуден пет години и четири месеци затвор

/ 26.01.2024

Рускиот хакер Владимир Дунаев од суд во сојузната држава Охајо е осуден на пет години и четири месеци затвор, во случајот за сторени кибер злосторства, соопшти Министерството за правда на САД.

Дунаев е прогласен за виновен за разработка и вградување на штетната програма Trickbot користена во кибер напади на американски училишта, болници и други организации.

Хакерот бил уапсен во септември 2021 година кога сакал да одлета од Јужна Кореја. По тоа бил екстрадиран во САД.


Од истата категорија