Алекс Салмонд (69) поранешниот премиер на Шкотска почина попладневно за време на ручекот на конференцијата што се одржува во хотелот Инекс Горица во Охрид. Се претпоставува дека причината за смртта била срцев удар. Обидите на медицинската екипа на Брзата помош на Охрид за реанимација биле безуспешни и била констатирана смрт.
Салмонд вчера имаше излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.
Случајот веднаш бил пријавен на надлежните органи, а известено е и Јавното обвинителство.
Алекс Салмонд беше прв министер на Шкотска од 2007 до 2014 година. По големата победа на изборите во 2011 година, тој го иницираше првиот референдум за независност на Шкотска во 2014 година, што остави значаен печат во политичката историја на земјата.