Во Осло и Стокхолм денеска ќе се доделат Нобеловите награди, а во Осло најпрестижната, онаа за мир, на белорускиот активист Алес Бјалјак, организацијата за човекови права Меморијал од Русија и Центарот за граѓански слободи од Украина.
Останатите награди, чии победници беа објавени во октомври, ќе бидат доделени во Стокхолм.
Раководителката на Украинскиот центар за граѓански слободи, Олександра Матвијчук, во петокот повика на рускиот претседател Владимир Путин да му се суди пред Меѓународниот трибунал за војната во Украина. Оваа адвокатка за човекови права во Осло изјави дека е убедена оти порано или подоцна Путин ќе биде изведен пред лицето на правдата.
Оваа година, наградата за медицина ја доби шведскиот генетичар Сванте Пајаб. Нобеловци за физика се Ален Аспект, Џон Ф. Клаузер и Антон Цајлингер, а наградата за хемија ќе им биде доделена на Каролин Р. Бертози, Мортен Мелдал и Карл Бери Шарплес.
Нобеловата награда за литература ја доби француската писателка Ани Ерно, а лауреати за економија се Бен С. Бернанке, Даглас В. Дајмонд и Филип Х. Дибвиг.
Нобеловите награди традиционално се доделуваат на 10 декември, годишнината од смртта на Алфред Нобел. Секоја награда добитникот добива чек во износ од 10 милиони шведски круни (900.000 евра). Доколку има неколку победници, оваа сума се дели меѓу нив.