Бразилската новинарка Клаудија Валин, која живее во Шведска од 2003 година, опиша како изгледа животот на политичарите во таа земја.

„Ова може да звучи чудно за луѓето што живеат во други земји, но Шведска не им нуди никаков луксуз или привилегии на своите политичари. Без службени автомобили или приватни возачи, шведските министри и парламентарци патуваат во преполни автобуси и возови, исто како и граѓаните што ги претставуваат”, пишува Валин.

Тоа додава дека политичарите во Шведска немаат право на парламентарен имунитет и може да им се суди како и на секоја друга личност. Работат во канцеларии големи помалку од осум квадратни метри.

„Јас сум тој кој ги плаќа политичарите”, вели Јоаким Холм, шведски државјанин.И не гледам причина да им пружам луксузен живот”.

Само премиерот има некои привилегии

Политичарите кои се осмелуваат да потрошат јавни пари на такси, наместо да се возат со воз, завршуваат на насловните страници на весниците. Дури и претседателот на парламентот добива картичка за користење на јавниот транспорт, пишува Валин. Само премиерот има право на постојано користење автомобил и лично обезбедување.

Живеат во мали станови, немаат големи плати

„Шведските парламентарци живеат во мали станови во главниот град, каде што ги перат и пеглаат сопствени алишта во пералниците. Тоа можеби изгледа скромно за толку истакнати луѓе, но тоа е всушност многу подобро отколку што беше. Никој во јавниот живот не заработува голема плата: Платата за членовите на Риксдагот (парламентот) е околу двапати поголема од платата на наставниците во основните училишта”, пишува Валин.

Таа додава дека општинските работници не заработуваат ниту плата или имаат право на канцеларија, работат од дома доброволно.

Граѓаните следат како се трошат нивните пари

„Во судскиот систем, логиката е иста: нема судија кој има право на службено возило, секретарка или привилегии. Оние кои се на власт може да бидат повикани на одговорност, а сите информации мора да бидат достапни за јавноста. Во 1766 година, јавниот пристап до официјалните владини документи стана уставно право за сите граѓани, содржано во посебно поглавје од Законот за слобода на медиумите во Шведска.

Во Шведска, во секој момент можете да ги следите трошоците на министрите, претставниците и судиите, да ја прочитате пријавата на премиерот за данок на доход; да ги провери трошоците на повереникот на националната полиција или врховен командант на вооружените сили; да следите како јавните агенции ги трошат даноците и да ги следат постапките, предлозите и официјалните одлуки донесени од властите на кое било владино ниво”, пишува Валин.

За нешто повеќе од сто години Шведска од сиромашно земјоделско општество се претвори во една од најбогатите, социјално најправедни и најмалку корумпирани земји во светот, каде што никој не е над другите, заклучува новинарката.