Париската полиција соопшти денеска дека во париското метро бил тешко повреден маж откако врз него е фрлена „непозната течност“, а француските медиуми го опишаа како „напад со киселина“.

Париското обвинителство соопшти дека е отворена истрага за обид за убиство.

Неидентификуваната жртва била нападната на линијата 1 (еден) на метрото, во близина на станицата Бастилја, во текот на утринскиот метеж.

Откако бил евакуиран од страна на службите за итни случаи, пружена му е помош поради големите изгореници на лицето и раката.


Полицијата соопшти дека напаѓачот е во бегство.