На денешниот празник Св. Лазар, на кој се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос, во скопската населба Кисела Вода се поставени темелите на новиот крст во Драчево во Паркот на бранителите.
Крстот ќе биде висок 63,5 метри и ќе наликува на тој штое подигнат пред неколку години во Ново Лисиче.
Крстот е донација од Светскиот македонски конгрес, а на настанот присуствуваше и претседателот Тодор Петров.
Темелите ги освети поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан во сослужение со повеќе свештеници, во присуство на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Манифестацијата беше збогатена со настап на најпопуларниот македонски бенд, Некстајм.