Во Перу е пронајден фосил од кит со четири нозе кој е стар дури 43 милиони години, јавија светските агенции.
Палеонтолозите веруваат дека овие морски цицачи, долги околу четири метри, биле прилагодени за живот и во вода и на копно.
Со четири екстремитети и способност да ја носи својата тежина и силна опашка, полуводниот кит се споредува со видра или дабар.
Истражувачите веруваат дека ова откритие би можело да ја разјасни еволуцијата на китовите и како тие се ширеле.
Се смета дека првите китови првпат еволуирале во јужна Азија пред околу 50 милиони години. Со оглед на тоа што нивните тела повеќе одговарале за живот во вода, тие мигрирала кон северна Африка и Северна Америка каде исто така се пронајдени фосили.