Во петок ќе штрајкуваат пилотите на германски Рајан ер, а со штрајкот ќе биде зафатен секој шести лет во Европа.

Поточно, ќе бидат запрени 396 летови од вкупно 2.400 колку што компанијата ги изведува низ Европа. Корисниците кое се засегнати со штрајкот се замолени денеска да ги пребукираат картите, а тоа ќе можат да го направат бесплатно. Во сабота компанијата ќе оперира нормално.

Синдикатот на вработените во пилотските кабини ги повика вработените на 24-часовен штрајк и додаваат дека сите врски на нискобуџетната компанија од Франкфурт ќе бидат зафатени  во 03.01 часот во петок до 02.59 во сабота.

Германскиот синдикат претходно соопшти дека се приклучува кон штрајкот на своите колеги во Ирска, Шведска и во Белгија.

Синдикатот на пилотите побара повисоки плати, а компанијата тоа досега категорично го одбиваше.

Доколку во целост се оствари штрајкот во петок, тоа ќе биде најголемиот штрајк во историјата на Рајан ер.