ВО ПОЈАСОТ ГАЗА: Повеќе од половина од зградите делумно или целосно уништени

/ 30.01.2024

Би-би-си во најновата анализа наведува дека во израелските напади од 7 октомври досега делумно или целосно се уништени повеќе од половината згради во Појасот Газа.

Сателитските снимки покажуваат дека најразурнат е градот Кан Јунис, при што уништени се повеќе од 38.000 или 46 отсто од зградите. Од 144.000 до 175.000 згради низ Појасот Газа се делумно или целосно уништени, што е меѓу 50 и 61 отсто од зградите во енклавата.

Според Обединети нации, околу 1,7 милиони луѓе, повеќе од 80 отсто од населението во Појасот Газа се раселени, а речиси половина од нив сега се во јужниот дел на енклавата.

Израелската армија бомбардираше и голем дел од обработливо земјоделско земјиште, поради што тоа земјиште нема да може да се користи долго време.


Од истата категорија