Пожарникарите се на местото на настанот, не е јасно што се случило“, изјави Лукаш Куси, дежурен пожарникар во блиската противпожарна станица.

Како што пишува АП, повикувајќи се на неименуван американски функционер, станува збор за заскитани руски ракети. Полскиот државен врв веднаш свика итен состанок.

Истото го направија и Унгарците.

„Како одговор на прекинот на транспортот на нафта преку нафтоводот Дружба и проектилите што ја погодија територијата на Полска, унгарскиот премиер Виктор Орбан свика итен Совет за одбрана во 20 часот“, соопшти портпаролот на унгарската влада.