Според полицијата, станува збор за 33-годишен Полјак, жител на Шчеќин, кој побегнал, но набрзо бил уапсен.
Неколку лица се повредени денеска кога автомобил влетал во толпа луѓе кои чекале на трамвајската станица во северозападниот полски град Шчеќин пред да се судри со три други возила, јавија локалните медиуми.
Според првичните извештари 19 лица се повредени, меѓу кои и три деца, а две лица се во критична состојба.
При бегатството, автомобилот се судрил со уште три возила.
Според полицијата, станува збор за 33-годишен Полјак, жител на Шчеќин, кој побегнал, но набрзо бил уапсен.
Полицијата вели дека нема основа да се смета дека станува збор за терористички чин.
Инцидентот се случил на фреквентна крстосница на почетокот на попладневниот шпиц, околу 16 часот по локално време.
BREAKING 🚨 17 injured as car drives into crowd in Polish city of Szczecin: official
READ: https://t.co/ZNxM9qvHk7 pic.twitter.com/YvL6ACPmj0
— PheonixLioness8379 (@PheonixLioness1) March 1, 2024