Полската Влада изрази поддршка на лекарите и целиот медицински персонал кој се бори против новиот коронавирусот со зголемување на нивните плати за 100 отсто.
– Никој не заслужува повеќе од нив, напиша денеска премиерот Матеуш Моравецки на Фејсбук.
Министерот за здравство Адам Нидзелски издаде наредба до претседателот на Националниот фонд за здравство секој вработен во здравствената служба што се бори со Ковид-19, заедно со болничарите и лаборанти ќе добие 100 отсто зголемување на платата.
Пред некоку дена премиерот нагласи дека болниците во државата треба да располагаат со 32.000 кревети за пациенти со Ковид-19 до крајот на следната недела. Во почетокот на октомври таа цифра беше 10.000. Во државата се регистсирани 380.000 заболени од Ковид-19 и над 5.780 смртни случаи.