ВО ПРЕДГРАДИЕ НА РИГА: Голем пожар во американска фабрика за дронови во Летонија

/ 07.02.2023

Голем пожар избувна во американска фабрика за дронови во Летонија во Марупе, предградие на главниот град Рига, јави летонскиот портал „Диена.лв“.

Голем број спасувачки екипи се на терен во обид да го изгаснат големиот пламен, а на жителите им се препорачува да се држат настрана.

Речиси 50 пожарникари, девет противпожарни возила, како и противпожарната служба на меѓународниот аеродром во Рига ги гаснат пламените.

Сопственик на фабриката е американската компанија „Еџ Аутономи“ која произведува беспилотни летала, кои се доставуваат до држави, комерцијални и приватни клиенти во речиси 70 земји.

Оваа компанија важи за еден од водечките производители на дронови од светска класа, а нивните беспилотни летала се испорачуваат и на украинската војска.


Од истата категорија