Во пресрет на одбележувањето на православниот празник Успение на Пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот во Матка, кај Скопје во вторник на 27 август ќе се одржи вечерна богослужба и полноќно бдение.
На денот на празникот 28 август, во утринските часови во манастирот ќе се одржи Света божествена литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски Г.г. Стефан.
Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата ќе се одржи крводарителска акција.
Фото: Архива