ПРВОТО “ВЕРУВАМ” И “ОТЧЕ НАШ” НА СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (ОД 1841. ГОД)
Превод на “Символот на верата” (или”Верувам”) од Димитрија Миладинов од 1841. година (1. I 1841.). Го објавив пред две години на фб, а го најдов во оригиналните ракописи на големиот Круме Кепески, пишувач на првата официјална граматика на македонскиот јазик (1946.год)
* * *
1. ВЕРУВАМ
“Вервам на еден Господа, татка, сфедаржител, сасдавачот от небото, и от земјата, и от сиот век што се пулет, и от ангелите што се непулет.
Вервам и на еден Исуса Христоса, на синот господоф самородениот, тој што се роди от татка прет сфите векои.
Вистинскиот господа, што се роди от вистинскио Господа и не се напрај, вервам на сфетлото што се роди от сфетло, заедно што је со татка, тој што сасдаде сфе.
Тој што поради нашата куртулија, и поради нас љуѓе слезе от небеси, и се затрупи от сфети дух, и од Марија девојка стори чоек.
Вервам на тој што се кладе на карст за нас на времето от Понтиа Пилата царот, и пати, и се закопа, и се васкарсти на трекиот ден, како што велет светите книги…
Вервам и на сфети дух господарот животодавачот, што от татка излегвит, и заедено со татка и со сина му се поклонвиме, и го славиме него, што со устата од пророците сборвеше.
Вервам и на една општа и апостолска зарква. Приказвам едно карштане од гре­хо­ите. Чекам васкарствене од умрените и живот од другиот век. Амин!

2. ОТЧЕ НАШ
Татко наш што седиш на небеси. Нека бидит сфетено името твоје со арните работи наши. Нека биди сакането твое, како на небо, така и на земи. Дај ни го денеска катадневниот леп наш. И прости ни ги грехоите наши, како што и мие проштааме фтесфачите наши. И не донеси нѐ Господи, на пеирасмо. Ами куртулисај не од лошиот. Амин.
_____________________________________
Коментар: Никогаш нема да ми биде јасно како македонскиот збор “Татко” е заменет со непостоечкиот збор “Отец” во современите преводи на молитвиве. Јас од нашиот Татко не се откажувам!
Радослав
Целосен статус на Радослав Малеш Блажевски