Локалните власти во суданската провинција Касала досега пронашле тела на околу 50 лица за кои се претпоставува дека бегале од војната во етиопската област Тиграј.
Американските медиуми пренесуваат изјави на официјални лица дека е потребна форензичка истрага за да се утврдат точните причини за нивната смрт.
Телото на маж со врзани раце и тело на жена со рани во градите се пронајдени низводно од Хумера, каде бегалците ги обвинија властите и сојузничките борци од етиопската област Амхара дека за време на војната ги протерале локалните Тигрејци, тврдејќи дека западен Тиграј е нивна земја .
-Видов многу варварски работи, изјави доктор, додавајќи дека „некои биле удрени со секира“.
Очевидци наведуваат дека не успеале да ги фатат сите тела што пловат низводно по реката поради брзиот проток на водата за време на сезоната на дождови.
Саманта Пауер, администраторка на Американската агенција за меѓународен развој, денеска го посети бегалскиот камп во Судан, каде престојуваат илјадници Етиопјани кои избегаа од војната во Тиграј.
Американските медиуми пренесуваат дека по посетата на бегалскиот камп Пауер ќе замине за Етиопија каде треба да изврши притисок врз владата да дозволи хуманитарна помош за Тиграј.
Тиграј е регион со шест милиони жители и во него владее најлошата криза со глад во светот во последната деценија.
Агенцијата за храна на ОН соопшти дека работи на обезбедување храна за Тигар низ Судан и покрај нарушените врски меѓу главниот град Картум и главниот град на Етиопија, Адис Абеба.
Маријана Вард, заменик -директор на Светската програма за храна во Судан, рече дека тешко течат преговорите за пристап до блокираниот регион Тиграј.