Повеќе од 95 проценти од новите случаи на коронавирус во Русија се од Делта сојот, изјави денеска директорот на Центарот за вирологија и биотехнологија, Ринат Максјутов.

– Во повеќето руски региони, делтата е присутна кај 95 проценти од случаите, во споредба со другите соеви на ковид, рече Максјутов.

Делта мутацијата, првпат откриена во Индија, се шири низ целиот свет и е најдоминантна мутација на ковид во повеќето земји.