Александар Гинсбург, директор на рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, рече дека клиничките испитувања на нивната вакцина, која содржи протеини од неколку соеви на коронавирус, би можеле да започнат на почетокот на следната година.
– Во моментов работиме и на ова. Не е исклучено да преминеме на првата фаза од клиничките испитувања на почетокот на следната година. Целта е да добиеме вакцина која ќе содржи три, четири или пет различни генетски мутации на С-протеин, изјави Гинсбург за ТАС С.
Руските истражувачи од центарот на Гамалеја потврдија дека ја модифицирале својата вакцина против коронавирусот Спутник V, со цел да биде поефикасна против делта варијантата.