Преплашените жители на Казан, Русија, на социјалните мрежи објавија фотографии и видеа од облаци кои наликуваат на „нуклеарна печурка“, која вообичаено се случува по нуклеарна експлозија.
Жителите објавија дека во средата вечерта ја забележале оваа необична појава на небото.
Облакот, кој наликува на „нуклеарна печурка“ и ги плаши жителите на Казан, е еден вид кумулонимбус, изјави за РИА Новости Министерството за екологија и природни ресурси на Татарстан.
💥The “nuclear mushroom” in the sky over Kazan this evening scared the locals.💥
In fact, this is an ordinary cumulonimbus cloud, which is also called “anvil”. pic.twitter.com/JKYASpHeqG
— JARZA Z28.310 (@Tarzan_Tabletti) August 2, 2023
„Топлиот воздух е полесен од студениот воздух, неговото издигнување во средните слоеви на атмосферата се гледа во форма на печурка. Овој атмосферски феномен се нарекува инверзија. Станува збор за посебен вид кумулонимбус кој се издигнува на височина од околу 12-15 километри, а потоа почнува да се замаглува“, изјави портпаролот на Министерството за екологија.
Тој додаде дека во Казан не откриле вишок на дозволената содржина на загадувачки материи во воздухот, пренесе РИА Новости.