Неколку дена откако го напушти квизот „Бенк баланс“, Британецот Гордон Ремзи го претстави својот нов бизнис со вино коешто ќе се произведува во Калифорнија (САД).
Вината од брендот „Гордон Ремзи“, вкупно осум вида, ќе се произведуваат од ретки сорти лозје и при минимална филтрација. Соработници на Ремзи во новиот бизнис му се сомелиерот Крис Милер и меѓународно признатиот стручњак Ник Дјумерг.
Цената по шише се движи од 20 до 80 американски долари. Вината засега можат да се купат само во САД.
Ремзи кој, инаку, е познат готвач, веќе почна да ги поврзува новите вина со своите готварски специјалитети. Така, неговото „Каберне совињон“ најмногу оди со бургерот од говедски ребра и со мајонез којшто тој го прави, вели тој.