Во Кичево по 23-ти пат на крајот на овој месец во организација на секторот за спорт во општина Кичево ќе се одржи Новогодишен традиционален турнир во футсал.
– Турнирот е предвидено да се одржи во спортската сала “Христо Узунов” која се наоѓа во населбата Иванидол. Очекуваме да се пријават поголем број на екипи на само од Кичево туку и од други општини од целата земја. Општината има предвидено нагрден фонд од 3.000 евра, вели Бафтир Арслани директор на спортските сали во Кичево, кој дадава дека ќе има и награди и за најдобар играч и голман.
Заинтересираните екипи ќе можат да се пријават до 25 декември, турнирот ќе се одржи три дена на 27, 28 и 30 декември кога се предвидува де се одигра финалето на турнирот.
На претходните новогодишни турнири во Кичево играле и многу фудбалски ѕвезди од земјава но и пошироко како Пандев, Седлоски , Шаќири, Беќири….
Турнирот се игра според футсал правилата на ФФМ.