Со амбиции за висок пласман и освојување медали, тројца македонски натпреварувачи ќе настапат на Европско првенство за мали земји во атлетика што денеска се одржува во Сан Марино.
Во составот се атлетичарите Адријана Поп Арсова, Јован Стојоски и Дарио Ивановски, предводени од тренерот Марија Стојановска.
Јован Стојоски ќе се натпреварува во трката на 100 и 400 метри, додека Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова ќе натсапат во трката на 3000 метри.
Во конкуренција на македонските атлетичари се над 170 натпреварувачи од Албанија, Андора, Ерменија, Кипар, Грузија, Гибралтар, Косово, Лихтенштајн, Луксембург, Молдавија, Малта, Црна Гора, Монако и Сан Марино.